Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил закани по животот, но вели дека не е загрижен бидејќи тоа се случува поради неговата борба против корупцијата и криумчарењето.
Медиумите во Бугарија јавуваат дека до канцеларијата на Владата пристигнало анонимно писмо со фотографија на Борисов, куршум и заканувачка порака.
Канцеларијата за соработка со медиумите на бугарската влада потврдила дека постои заканувачко писмо, но не сакала понатаму да коментира.
Борисов минатата недела откажа неколку поголеми јавни настани од различни причини, напоменува агенцијата.