Борисов предлага измени на бугарскиот устав

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во денешното вонредно обраќање до нацијата најави дека неговата парија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе побара свикување на поднесе до Големото народно собрание (државен орган што ја извршува законодавната власт) предлог за нов Устав, јави БГНЕС.

„Време е за одговорност и одлучност! Време е не само за смена на политичкиот систем, туку за рестартирање на државата. Неопходно е рестартирање на политичкиот модел и не може повеќе да се пролонгира! Единството, државноста и стабилноста на земјата за мене не се само прости зборови, тоа е основата од која сум тргнувал за секое решение“, посочи Борисов.

Наведе дека нов устав барале и граѓаните и невладините организации, кој ќе биде во согласност со европските правила.

„Затоа предлагам свикување на Големото народно собрание, кое ќе спроведе уставни измени“, посочи Борисов.

Додаде дека ќе побара намалување на бројот на пратениците од 240 на 120, додека во Големот народно собрание бројот на претставници да биде намален од 400 на 280.

Борисов предлага и укинување на Вишиот судски совет и создавање на Судски совет на судии и Судски совет на обвинители, мандатите на судиите во сите бугарски судови да бидат пет години, формирање на Институт за индивидуална уставна жалба, главниот обвинител да биде сослушуван секои шест месеци од Народното собрание. Наведе дека со тоа ќе се зајакне довербата во судскиот систем.

Тој во обраќањето се пофали и со успесите на Владата, а се осврна и на антивладините протести, наведувајќи дека го почитува бунотот на младите луѓе.

„Тие сè уште имаат шанса да создадат ново, легитимно, демократско движење и нова генерација на политички лидери со демократски имиџ на Бугарија. Време е младите да ја реализираат својата историска мисија и тешкиот пат што ќе го предложам да го изодиме заедно, наведе Борисов.

Истакна дека до сега во името на демократијата двапати се повлекол од функцијата, а народот го вратил.

„Дојде време секој од нас да направи политички и историски избор. Само на овој начин ќе биде можно да се започне чистење. Во време на најтешка социо-економска криза, време на пандемија, време полошо од Големата депресија, кога светските економии се распаѓаат, земјата мора да излезе обединета“, истакна Борисов.