Борко Ристовски на денешната прес-конференција објави дека ќе поднесе и тужба против Македонскиот Олимписки Комитет за изречената суспензија.
Воедно, тој стави на знаење дека парите што би ги добил од тој судски процес ќе ги додели на клубовите на кои би им биле добредојдени.
„Јас во последните денови бев во контакт со неколку адвокати од странство и сите ми кажаа дека имам правна основа за тужба до Спортскиот суд во Лозана. Јас ќе го искористам тоа право и во наредниот период ќе испратам тужба до овој суд. Сакам јасно да ставам до знаење дека немам намера да заработам со парите што би ги добил бидејќи јас ова не го правам за пари. Онаа сума што судот ќе ми ја додели, а ќе се движи од 180.000 до 230.000 евра веднаш ќе ја поделам, половина за РК Вардар и половина за ФК Вардар“, изјави Ристовски.