Борко Ристовски: Македонија не заслужува ваков избор за претседател на МОК

Голманот на Вардар и на македонската репрезентација, Борко Ристовски, во улога на гостин доби дозвола да се обрати на Собранието на МОК и жестоко го критикуваше досегашниот развој на настаните кој доведе до напуштање на Собранието на еден од кандидатите, Александра Војнеска – Зикова.

„Македонија не заслужува ваков избор за претседател на МОК. Не смеете да си дозволите да бидате со половина празни столчиња, тоа е пораз за сите. Немам ништо лично против вас, туку против тоа што го претставувате во спортот. Велите дека вашата противничка не ги исполнува условите, ама јас знам дека и вие не ги исполнувате, бидејќи само три години бевте предводник на КФМ во регуларни услови, а другите под блокирана сметка. Мене ми е искрено жал што легенди како Тоше, Перо и Наумче се дел од цело сценарио. Се надевам дека сите ќе застанат зад спортот, а не зад политиката. Апелирам до сите вас како спортски работници да им дадете шанса и на тие што не се тука“, рече Борко.