Борко Ристовски одличен на премиерниот натпревар за Кретеј

Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски имаше неверојатен старт на авантурата во својот нов тим, Кретеј. Тој уште на првиот натпревар во францускиот шампионат ја покажа својата висока класа, успевајќи да забележи 19 одбрани, со што му помогна на новиот прволигаш со победа да ја стартува новата сезона. Кретиј триумфираше на дуелот против Селестат со убедливи 41-31, а секако еден од главните “виновници” за тоа е нашиот Борко.

Македонскиот репрезентативен голман до 50. минута имаше дури 18 одбрани, за во самиот финиш при убедливото водство на неговиот тим концентрацијата кај Ристовски и неговите соиграчи од одбраната значително да опадне, па гостите да стигнат до 31 постигнат погодок. Најпрецизен во тимот на Кретеј беше Дескат со 11, пред Минел со шест погодоци.