Борко Ристовски: Секој камен на Порта Македонија е камен фрлен врз ракометарите и нашиот труд

Секој камен фрлен на македонската порта е фрлен врз нашите ракометари и врз сиот наш труд, солзи, пот, илјадици часови тренинг, сите голови кои ги дадовме, сите топки кои ги одбранивме. Секое сквернавење на Портата е сквернавење на нашата среќа и заедничка радост која ја споделувавме заедно со народот, сквернавење на нашите победи, на македонските победи.

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски на социјалната мрежа Фејсбук повика да запре лудилото и вандализмот со уништување на споменици.

додавајќи дека сквернавењето на Порта Македонија е сквернавење на среќата и заедничката радост која ракометарите ја споделувале заедно со народот, сквернавење на македонските победи.

borko-ristovski-fbТатковината се сака! Секогаши секаде. Јас ја сакам Македонија и со гордост и чест, со голема емоција и со срце на терен настапувам за нашата земја. Го сакам сето она што е македонско. И јас и моите браќа од репрезентацијата, заедно со нашиот народ, со силна емоција ги доживуваме сите чинови на успех и пораз, на тага и радост. Во 2012 со крената глава јас и моите браќа поминавме низ Порта Македонија како симбол на најголемиот успех на македонскиот ракомет. Чекоревме храбро и среќно додека над нашите глави беа симболите на комитите и на партизаните, на независноста, симболите на Македонија. Денес Портата Македонија е осквернавена, уништена, ишкртана…Секој камен фрлен на македонската порта е фрлен врз нашите ракометари и врз сиот наш труд, солзи, пот, илјадици часови тренинг, сите голови кои ги дадовме, сите топки кои ги одбранивме. Секое сквернавење на Портата е сквернавење на нашата среќа и заедничка радост која ја споделувавме заедно со народот, сквернавење на нашите победи, на македонските победи. Стоп за хулиганите кои ја сквернават Портата Македонија. Да запре ова лудило и вандализам! Македонија е вечна, напиша Ристовски на социјалната мрежа Фејсбук.