Директорот на РК Вардар Борко Ристовски активно се вклучи во акцијата “Ранче за секое прваче” која се спроведува во Општина Кисела Вода.
Денеска тој во присуство на градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски делеше ранчиња со прибор на првачињата за кои денес започна учебната година.
Успешниот проект „Ранче за секое прваче”, лани за првпат стартуваше од Општина Кисела Вода, а го имплементираа и многу други општини кои ја увидоа неговата вредност.
Годинава сите 624 ученици запишани во прво одделение добиваат училишен ранец со прибор што значи дека сите тие имаат еднакви можности за почеток на учебната година.
Првиот училишен ден треба да биде радост за сите деца и за нивните родители и не смееме да дозволиме тие да бидат оптоварени со финансиски грижи, додаваат иницијаторите на овој проект.