- Една од најголемите македонски ракометни легенди Борко Ристовски соопшти дека се повлекува од функцијата извршен директор во Вардар, поради новиот професионален ангажман кој стои пред него.
- Некогашниот репрезентативен голман ќе биде нов министер за спорт во новото министертство во Владата на Република Македонија.
- „Останувам да навивам за мојот Вардар, но, решив да се посветам на доброто на целиот спорт, на секој клуб, на секој спортист. Затоа во иднина се повлекувам од функцијата Извршен директор на РК Вардар која со љубов, желба и посветеност ја работев“, вели Ристовски.