Борнмаут лесно се справи со Саутемптон

Фудбалерите на Борнмаут го победија Саутемптон со 3:1 во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата.

Домашната екипа ја обезбеди победата уште во првото полувреме постигнувајќи ги сите три гола.

Еванилсон погоди во 12. минута за 1;0, Данго Уатара го удвои водството во 32., а Антоан Семењо во 39. минута погоди за 3:0. Во 51. минута голот на Тејлор Харвуд-Белис го ублажи поразот.

Бурнемаут сега е на 11. место со осум бодови, додека Саутемптон е на претпоследната 19. позиција со само еден бод.

Ливерпул е на врвот со 15 бодови, пред Манчестер Сити и Арсенал кои имаат по 14 бодови.