Боро Стојчев – од градоначалник до шверцер на цигари, произведувач на марихуана и електрична енергија

Како што објави претходно Нетпресс во струмичко има голема полициска акција, при што се уапсени повеќе лица, а меѓу нив е и поранешен градоначалник осудуван за шверц со цигари преку македонско-бугарската граница.

Поранешен градоначалник кој беше осудуван е Боро Стојчев од Нова Село.

Да потсетиме дека Боро Стојчев, поранешен градоначалник на Ново Село (во периодот октомври 2017 до декември 2018 година), во јули 2018 заедно со уште четири лица (дел од неговото потесно семејство), додека ја извршуваше функцијата градоначалник, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница.

На 10.07.2018 година над с. Баделен кај местото викано „Крстец“, по претходно поставена е ,,заседа“, при што околу 18,00 часот застанати биле 2 (две) теренски моторни возила кои биле натоварени со вкупно 66 (шеесет и шест) бокса цигари. Во теренските возила се превезувале лицата Боро Стојчев род. 12.12.1964 год., Јулијана Стојчева родена 17.05.1969 година, Виктор Стојчев роден 24.12.1992 година и Горан Стојанов роден 03.02.1994 година, сите од с. Ново Коњарево. Како претходница на наведените возила со моторцикл било лицето Митко Тотошев роден 21.03.1966 година од с. Самоилово.

Во врска со делото тој беше осуден на 18 месеци затворска казна, која подоцна беше намалена на половина година. Како „награда“, во 2020 година фирмата ЕКО- ЕНЕРЏИ КОСМОС, управувана од синот на Боро Стојчев, Виктор Стојчев, доби лиценца за одгледување канабис од Министерството за здравство, односно од Владата. „Тотал инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев во 2023 станала нов сопственик на Бојана БС панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев. Во сопственичката структура на ЦБД МЕДПЛАНТ од Борисово основана 2018 година, исто така бил Перо Стојчев. Фирмата во моментов има сложена сопственичка структура со Фирма и сопственици од Швајцарија и Македонија.

Фирмата ЕКО ЕНЕРЏИ-КОСМОС ДООС ЗУБОВО НОВО СЕЛО е основана од Славица Трајковска во 2019 година (веднаш по пуштањето од затвор на Боро Стојчев). Првично дејноста била производство на електрична енергија, а управител е Боро Стојчев. Во 2020 година во сопствеништвото на фирмата влегува и Димитар Борисов Стаменов од Бугарија, Петрич. Во 2021 има повторно промена на сопствеништвото кога влегуваат Виктор Стојчев, Перо Стојчев и Славица Трајковска. На почетокот на 2024 година за фирмата е отворена стечајна постапка со стечаен управник Зоран Денковски од Куманово. Управител на фирмата во моментов е Александар Пандев. Во 2020 година фирмата ја менува дејноста за одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија за употреба во фармацијата, кога ја добива лиценцата за одгледување на канабис.