Борозан потпиша за Металург

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан (20) е новиот ракометар во редовите на македонскиот вицешампион Металург. Борозан во Металург доаѓа од хрватски Карловац и во следните двеипол години ќе го носи сино-белиот дрес. Корпулентниот Борозан (203 см и 105 кг) важи за еден од најталентираните млади ракометари во Европа и во следниот период ќе биде од голема помош на тимот од Автокоманда, како во нападот така и во одбраната. Борозан игра на позиција лев бек. Во тековното првенство на Хрватска, Борозан постигна 79 гола од 147 обиди, од нив дури 68 гола со удари од 9 м.
“Среќен сум што станав дел од ракометното семејството на Металург, а чест ми е што тренер ќе ми биде еден од најдобрите стратези во Европа, Лино Червар. Доаѓањето во Металург за мене претставува голем чекор, но и голема одговорност , затоа што ќе играм во клуб, кој се повеќе значи како име во ракометна Европа. Чест е да се биде во тим, каде брани Дарко Станиќ, а колеги да ти се Ренато Вугринец, Наумче Мојсовски, Павел Атман, Филип Миркуловски… Многу ми е мило што како соиграч повторно ќе го имам Лука Циндриќ, со кого пред извесен период бевме дел од екипата на Карловац. Настапите на Металург редовно ги следам со голем интерес и им се восхитувам на борбениот дух кои го поседуваат неговите играчи# изјави младиот црногорски лев бек, Борозан.