Борусија демолирана во Дортмунд од Баер

Фудбалерите на Баер од Леверкизен во дербито од 21-то коло на германското фудбалско првенство како гости беа убедливи со 5:2 во Дротмунд против Борусија.

Откако на самиот почеток од натпреварот двата тима разменија автоголови, Баер поведе во 11 минута преку Мануел Аканџи а за Борусија израмни и во 16 минута Жереми Фрампонг, „Аптекарите“ до полувремето стасаа до предност од 3:1, благодарејќи на Флориан Вирц и Роберт Андрил кои беа прецизни во 20 односно во 28 минута. Во вториот дел Баер го зголеми водството на 5:1 со погодоците на Јонатан Тај во 53 и Муса Диаби во 87 минута, а поразот на Борусија го ублажи Штефан Тигес во 89 минута.

Сепак редоследот во врвор на табалата не се измени, Борусија Дортмунд остана втора со 43 бодовим, но сега само пет бода повеќе од третопласираниот Баер Леверкизен, кој на четири бодови се одлепи од четвртиот Унион Берлин. Водечки е Баерн Минхен со 52 бодови.

Во последниот натпревар од колото Волфсбург немаше проблеми пред своите навивачи беше сигурен со 4:1 против фенерцијата Гријтер Фирт.

Двоен стрелец за „Волците“ беше Астер Вранцкс во 7 и во 49 минута, а погодија и Максимилајан Аднолд во 70 и Максимилијан Филип 75 минута, а за Фирт пенал реагираше во 44 минута Бранимир Хргота.

Со оваа победа Волфсбург скокна на 12-то место со 24 бодови, 14 бодови повеќе од последниот 18-ти Гројтер Фирт.