Во првиот натпревар од германската Борусија Дортмунд во петокот вечерта на гости кај Келн славеше со 3:1, иако до 70 минута беше во негатива.
Домашниот Келн поведе по изведен корнер во 29 минута, а стрелец беша Доминик Дрекслер. По големиот притисок Борусија успеа да израмни со голот на Жадон Санчо во 70 минута, а победата на „Милиониретите“ им ја доесоа Ашраф Хакими во 86 и Пако Алкасер во четвртата минута од судиското продолжение.
Во сабота се играат дуелите Хофенјахм –Вердер, Мајн – Борусија Менхенгладбах, Падеборн – Фрејбург, Аугсбург – Унион Берлин, Фиртуна – Бајер Леверкузен и Шалке 04 – Баерн Минхен, додека во недела играат РБ Јалпциг – Ајнтрахт и Херта – Волфсбург.