
Во натпреварот од 21-то коло на германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд ја совлада Херта Берлин со 4:1 и се искачи на второто место во Бундес лигата.
Борусија ги искористи киксовите на Баерн и Унион Берлин и со победата против Херта се израмни со најголемите ривали за шампионската титула.
Сега сите три екипи имаат 43 бода, но Баерн е прв поради најдобрата гол-разлика, Борусија е втора, а Унион Берлин сега трет. Фрајбург заостанува зад нив три бода, четири помалку има петтопласираниот РБ Лајпциг а пет шестиот Фрајбург.
Борусија поведе во 27 минута со голот на Карим Адејеми, а пет минути подоцна Дониел Мален зголеми на 2:0. Тимот од Берлин се врати во игра намалувајќи во 47 минута преку Лукас Тусарт, но во 77 минута Марко Ројс прекрасно погоди од слободен удар за 3:1. Конечниот резултат го постави Јулијан Брант во 90 минута.
Во првиот натпревар во неделата, Унион Берлин ја пропушти можноста да го преземе врвот на табелата, но одиграа само 0:0 со „фенерџијата“ Шалке, со што само се израмнија со Баварците. Унион остави подобар впечаток во целина, но недоволно за победа.
Со овој резултат тимот на Швајцарецот Урс Фишер ја прекина серијата од четири последователни победи, додека Шалке го забележа четвртото последователно реми со резултат 0:0, и натаму е последен со 13 бодови, шест помалку од зоната на опстанок.