По речиси еден месец зимска пауза од петокот продолжи натпреварувањето во германската Бундеслига, а во дербито од 18-то коло водечката Борусија Дортмунд во саботата на гости со 1:0 го совлада РБ Лајпциг.
Стрелец на победничкиот погодок за Борусија Д беше Аксел Витзел во 19 минута, со што ја задржа предноста од шест бодови во однос на второпласираниот актуелен шампион Баерн ко во петокот вечерта со 3:1 славеше кај Хофенхајм. Лајпциг се одржува на четвртото место со 31 бод.
Ајнтрахт Франкфурт моментално е на петтата позиција со 30 бодови, откако со 3:1 го победи Фрајбург кој сега е 12-ти со 21 бод. Стрелци на головите за Ајнтрахт беа Халер во 36, Ребиќ во 40 и Јовиќ во 45 минута, а за гостите Петерсен во 69 минута.
Во денот кој го одбележаа победите на гостите, Борусија Менхенлгадбах со голот на Алесан Плеа во 37 минута го совлада домашниот Баер Леверкузен. Борусија така ја задржа третата позиција со три бода помалку од Баерн и пет повеќе од Лајпциг. Баерн, пак, е десетти со 24 бодови.
Аугсбург со 1:2 беше поразен од Фортуна Диселдорф. Гостите поведоа во 45 минута преку Дукш, Шмид израмни за домашните во 64 минута, но бодовите отидоа во Диселдорф коа во 89 минута погоди Раман. Аугсбург е 15-ти со исто толку бодови, додека Фортуна е безбедна на 13-то место со 21 бод.
Домашен пораз впиша и Хановер, од Вердер за кој стрелец беше Рашика во 32 минута. Хановер останува претпоследен 17-ти со само 11 бодови, а Вердер е осми со 25 бодови.
Најефикасниот натпревар се одигра во Штутгарт каде што домашните во последните десетина минути се заканија дека ќе анулираат сигурното водство на гостите од Мајнц. Гостинскиот тим имаше убедливо водство од 3:0, за кои беа заслужни Аскасибар со автогол во 22, Матерта шест минути подоцна и Хак кој погоди во 72 минута. Но домашните за само три минути дојдоа до шансата да спасат бод, откако во 83 погоди Гонзалес а во 85 Кемпф. Штутгарт е 16-ти со 14 бодови, а Мајнц е 11-ти со 24 бодови.