Уште едно непријатно изненадување на најверните фанови и тоа во последното есенско коло, им приредија фудбалерите на Борусија од Дортмунд кои одиграа очајно лошо во првите 45 минути и на крајот сосема заслужено со минимални 2:1 беа поразени од новајлијата во германската Бундес лига, тимот на Херта од Берлин.
Видно разочаран, предводникот на „милионерите”, Јирген Клоп по натпреварот изјави дека неговиот тим имал фантастичен старт во новата сезона, но на најмизерен начин ја завршува 2013 година и додаде дека вистински момент стартува зимската пауза.
Нов кикс, но на гостувањето во Бремен, запиша моментално второпласираниот тим на табелата, Баер од Леверкузен, а само еден бод на гостувањето во Нирнберг, освоија фудбалерите на Шалке.
Последното есенско коло ќе биде комплетирано денеска со дуелот помеѓу екипите на Борусија од Менхенгладбах и Волфсбург.
Резултати: Ајнтрахт – Аугсбург 1:1, Борусија Д. – Херта 1:2, Вердер – Леверкузен 1:0, Брауншвајг – Хофенхајм 1:0, Фрајбург – Хановер 2:1, Хамбургер – Мајнц 2:3, Нирнберг – Шалке 0:0.