Борусија и натаму убедлива, Ајнтрахт ремизираше

Во последниот натпревар од саботната програма на 19-то коло во германското фудбалско првенство Ајнтрах од Франкфурт одигра без победник 2:2 на гостувањето кај Вердер во Бремен.

Вердер поведе со 1:0 преку Егестајн во 27, додека Ребиќ израмни во 37 минута. Новата предност за домашните ја донесе Харник во 52 минура, но Халер од пенал во 68 минута му озбеди бод на Ајнтрах со кој моментално е на четвртата позиција на табелата со 31 бод, колку што има и петтиот РБ Лајпциг но со меч помалку. Вердер, пак, е 11-ти со 26 бодови.

Водечката Борусија Дортмунд го декласираше претпоследниот Хановер со 5:1. Ашраф Хаким го отвори резултатот во 24 минута, во периодот кога гостите се држеа многу добро на теренот и во еден момент дури имаа повеќе упатени удари. Работите се променија по паузата, кога „жолто-црните“ . Марко Ројс бво 60 минута го постигна својот 12-ти гол за сезоната, а седум минути подоцна неизвесност веќе немаше по головите на Марио Геце во 60 и Рафаел Гереиро и 62 минута. Во 86 минута Бакалорц постигна почесен гол за гостите, но во последната минута Аксел Витсел се погрижи да ја врати предноста од четири гола.

Бурусија Дортмунд сега има 48 поени девет повеќе од истиомениот клуб од Менхенгладбах, кој како домаќин го совлада Аугсбург со 2:0 и од актуелниот шампион минхенски Баерн кој својот меч од 19-то коло ќе го игра в недела против Штутгарт. Хановер и натаму е претпоследен 17-ти со само 11 бодови, колку што има и последниот Нирнберг.

Хофенхајм со 4:2 победи на гостувањето кај Фрахбург. Гостите поведоа со голот на Џоелинтон во 19 минута, а на одмор се замина без предност бидејќи во 42 минута израмни Холер. Во вториот дел со двата гола на Крамариќ, во 59 минута од пенал и во 72, Хофенхај веќе создаде убедлива предност, но Нидерлехнер во 77 минута ја врати неизвесноста. Сепак, Демирбај во 85 минута повторно ги однесе гостите на два гола предност и го обезбеди нивниот триумф.

Хофенхајм сега е шести на табелата со 28 бодови, додека Фрајбург е 13-ти со 21 бод.

Баер од Леверкузен како гостин кај Волфсбург беше сигурен и победи со 3:0. Головите за Баер кој сега е деветти со 27 бодови ги постигна Хаверџ од пенал во 45, Воланд во 62 и Бранд во 88 минута. Волсфбург остана осми со 28 бодови.

Мајнц со 2:1 го совлада Нирнберг, а стрелци за домашните беа Бросински во 12 минута од пенал и Кваисон во 73-та, додека гостите израмнија во 43 минута преку Маргрејтер. Мајнц има 27 бодови со кои е на десеттото место, а Нирнберг е на дното.

Во петокот Херта и Шалке одиграа без победник 2:2, а во недела се играат дуелите Баерн – Штутгарт и Фортуна – РБ Лајпциг.