Во првиот натпревар од 9-то коло на германското фудбалско првенство Фрајбург како домаќин славеше над Борусија Менхегладбах со 3:1 (1:1).
Домашните поведоа веќе во првата минута од пенал кој го реализираше Нилс Петерсен, а Борусија израмни, исто така, од пенал кој во 20 минута успешно го изведе Торган Азар. Но во второто полувреме Фрајбург својата иницијатива ја круниса со погодокот во 57 минута на Лука Валдшмид, а прашањето на победникот го разреши во четвртата минута од судиското продолжение Лукас Хелер.
Фрајбург со новите три бода се искачи моментално на осмото место со 12 бодови, додека Борусија од Менхенгладбах останува втора со 17 бодови, три помалку од истоимениот клуб од Дортмунд.
Во сабота од истото коло во Бундеслигата се играат и натпреварите Мајнц – Баерн Минхен, Фортуна – Волсфбург, Борусија Дортмунд – Херта, Хановер – Аугсбург и Хофенхајм – Штутгарт. Колото во недела ќе го затворат дуелите Нирберг – Ајнтрахт, Лајпциг – Шалке и Вердер – Баер Леверкузен.