
Според хрватските европратеници, членови на Мешовитиот парламентарен комитет, опозицискиот бојкот во моментот е прв аргумент што го користат земјите што ја блокираат Македонија. Името не е најглавната причина, пренесува ДНЕВНИК.
– Настрана од проблемот со името, демократската клима во Македонија се уназадува. Kога нема опозиција, во националниот парламент не можеме да зборуваме за 100-процентна функционалност на демократијата. Ова е прв момент што го користат земјите што ве блокираат од други причини. Сметам дека парламентот е најдоброто место за политички битки – вели Хрватката Билјана Борзан. Нејзината колешка Маријана Петир има слична порака.
– Направивте многу кога станува збор за реформите што од вас се бараат. Гледано од надвор, потребни се политичка единственост и обединување кога станува збор за ЕУ-предизвиците. Но видете ги и учете од примерите во минатото, како што е случајот со хрватско-словенскиот спор, и скратете ги пречките – истакнува Петир.
Од бугарските членови на Мешовитиот комитет одговор стигна единствено од европратеникот Андреј Kовачев. Kако и дел од соговорниците, и тој изразува подготвеност и веќе соработува со македонските колеги во насока на решавање на прашањата за македонско-бугарските односи, но и воопшто во однос на сите барања од ЕУ упатени до Македонија.
– Сметам дека надминувањето на пречките и проблемите, односно заздравувањето на раните, може да се оствари преку интеграцијата на Македонија во ЕУ, но и додека се оди евроинтегративниот пат – вели Kовачев за „Дневник“.