Босанецот со најголемото стапало доби чевли

Босанецот кој има стапало од „само“ половина метар, Синиш Шушиќ, конечно добил чевли кои специјално за него ги изработила фабриката „Бема“.

Шушиќ за прв пат по долго време доби чевли број 56, бидејќи досега носел само патики.

„Чувството кога ги облеков чевлите е извонредно. Ова се вистински чевли, какви што посакував и гледав во излозите од продавниците во изминатите години, бидејќи не можев ништо што ми одговара“, рекол тој.

Тој добил ветување дека за следната зима ќе добие и чизми по негова мерка.