Азра Муратовиќ, е босанска гатачка која на јавноста и е позната како жена која „гледа“ на лажици.
Нејзината моќ да гледа на лажици, некои ќе ги насмее, но некои може и да ги наежи, а на вас ви останува дали ќе и верувате или не.
„Одговорно тврдам дека Жељко Ражњатовиќ Аркан е уште жив. На сон го видов дека е жив додека се клањав и знам дека наскоро ќе бидат доставени докази за тоа дека Аркан не е умрен. Жената го издржува и тоа сум го видела. Ќе биде повикан од еден човек, па тој детал ме заинтригираше. Затоа решив да гледам на лажаици за да дознаам кој е тој човек. Седмата лажица ми покажа дека Аркан ќе има големи проблеми со тој човек“, изјавила за босанските медиуми Азра, но не навела каде Цеца го крие.
Од друга страна вели и дека Цеца само глуми „ожалостена вдовица“, а всушност таа е таа која него го издржува.
Чуда од лажиците на Азра
Освен предвидувањата за Аркан, Азра гледала на лажици и за низа личности од естрадата.
За Неда Украден, Азра прредвидела дека и претстои мажачка и идеален брак, што се покажало во правата лажица, а додека пак во четвртата, таа видела дека ќе има здравствени проблеми и дека ќе мора да оди на лекар.
Во своите пророштва, Азра за Северина Вучковиќ вели дека во петата лажица видела дека таа ќе се смири со Милан Поповиќ, додека пак, првата покажува дека дека тие ќе добијат уште едно дете.
Арза има предвидувано и за Ханка Палдум, Шабан Шаулиќ, Здравко Чолиќ и многу други