Исламисти од БиХ се снимени во запленето возило во близина на местото каде што тероризира Исламската држава на Ирак и Левант.
Според снимките тие се возат со воено возило кое есктремистите го заплениле од ирачката војска, а кое е од американско производство. Станува збор за воена верзија на автомобилот „хамер“, популарното „хамви“, со чија заплена особено се гордеат екстремистите, токму затоа што е подарок од САД за ирачката војска.
Снимката се појави на интернет само неколку дена откако терористичката Исламска држава на Ирак и Левант преку интернет повика нови членови да им се придружат во „светата војна“.