Најголемите македонски ракометни ривали Вардар и Металург, утре ( 17.45 ч) во СЦ “Борис Трајковски”, ќе го одиграат реванш натпреварот во рамките на Регионалната СЕХА Лига. Непосредно пред овој натпреваер владее оптимизам во таборот на македонскиот шампион Вардар, кој воедно е домаќин на овој натпревар.
“Ова е еден натпревар, кој според мене, доаѓа во период кога сите ракометари се со мислите кон дома. Се ближи стартот на ЕП во Данска, каде што ќе настапуваат дел и од нашите ракометари. Но,не смееме да заборавиме дека ова е најголемото македонско дерби, и ветувам дека ќе направиме се, да ја завршиме оваа полусезона со победа. Со оглед на позицијата на која се наоѓаме на табелата, мислам дека, за разлика од нашиот противник ќе влеземе порастоварени на овој натпревар. Со победа, дефинитивно обезбедуваме место на “фајнл-фор” турнирот. Што се однесува до здравствениот биланс, освен Филип Лазаров, кој сеуште не е комплетно заздравен, другите ракометари се на располагање. Тешко ќе биде да се надополни отсуството на ракометар како Растворцев, но со Миладин Козлина и Мите Стоилов, ќе пробаме да го покриеме неговото отсуство. Се надевам дека и двајцата ракометари ќе ја искористат оваа можност, за да одиграат на што подобро ниво”, изјави тренерот на “црвено – црните” Андон Бошковски