Босна и Херцеговина предводена од Муса и Нуркиќ на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина вчера отпатува за Келн, на Европското првенство кое започнува на први септември. Репрезентацијата на БиХ во групата Б ќе игра против селекциите на Унгарија, Германија, Словенија, Франција и Литванија.

БиХ од клупата ја предводи Адис Беќирагиќ, кој се одлучи за следните дванаесет играчи: Миралем Халиловиќ, Јусуф Нуркиќ, Џанан Муса, Џон Роберсон, Александар Лазиќ, Амар Гегиќ, Емир Сулејмановиќ, Кенан Камењаш, Адин Врабаќ, Един, Сани Чампара.

Босна и Херцеговина в четврток од 14:30 часот против Унгарија ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.