Бошњаковски: Го осудувам тоа што се случи на Водно

Правото на протест е загарантирано и никој ама баш никој нема право да го спречи, пишува на својот профил на Фејбук владниот портпарол Миле Бошњаковски, во врска со инцидентот во кој багери сакале да газат активисти кои забрануваат да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно.

Тоа што се случи на Водно утринава е недозволиво однесување на службеното лице и не смее и нема да има толеранција и силно го осудувам“, пишува владиниот портпарол и цитира дел од официјалната реакција на Македонски енергетски ресурси за настанот, во која се наведува дека вербалниот инцидент кој го предизвикал работникот не е политика на однесување на МЕР и се коси со нивните протоколи за работа.