![2[18954]](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/218954.jpg)
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски изјави дека наредниот понеделник линеарно на сите вработени во прилепски „Еурокомпозит“ ќе им биде исплатена плата.
Договорот е постигнат доцна синоќа, по што вработените се повлекоа од пред владината зграда каде протестираа. Направен е заемен договор во кој и вработените преземаа обврски и денеска се наоѓаат на работните места се со цел да се обезбеди прилив на средба во период кога Владата работи на решавање на состојбата, рече портпаролот.
Тој кажа и дека вработените барале промена на менаџерскиот тим во „Еурокомпозит“, што е веќе направено пред две недели.