Не се водат, ниту ќе се водат разговори со Грција за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи, одговори денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на новинарско прашање дали согласно Договорот со Грција ќе се менува и македонската химна или некој државен симбол.
Ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се разговара за промена на химната на Република Македонија. Таа останува таква каква што е, рече владиниот портпарол.
Тој додадее дека нема разговори ниту за другите симболи, ниту било што надвор од тоа што било официјално кажано.