Бошњаковски: Владата очекува чиста препорака за преговори за влез во ЕУ

Македонија бележи значителен прогрес, тоа беше фокусот што беше утврден вчера во стратегијата, а ние правиме сѐ за да добиеме чиста препорака за датум за преговори за членство во Европската унија, рече во средата на редовната прес-конференција Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

„Тоа што е направено во Давос е сериозен исчекор кон пронаоѓање на решение на проблемот којшто Република Грција го има со нашето уставно име Република Македонија“, изјави Бошњаковски.

Сепак по повтореното новинарско прашање, не откри повеќе детали по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, дека во Владата се подготвени за име со географска одредница.

„Како Влада нема да си дозволиме да навлегуваме во шпекулации по однос на тоа што е објавувано во медиумите и не би имал што да додадам надвор од изјавата на премиерот“, рече Бошњаковски.