Кошаркарите на Бостон Селтикс се првите учесници во вториот круг од годинешното доигрување во НБА лигата, откако во четвртиот натпревар од првиот круг на Источната конференција во Орландо во неделата вечерта ги совладаа Филаделфија 76ерс со 110:106 и одат натаму со убедливи 4-0 во серијата до четири победи.
Клучна беше серијата на Бостон од 12:0 во последните три минути од третата четвртина со кои од израмнетите 77:77 се одлепија во водство од 89:77, а творец на низата беше Џејсон Тејтам кој постигна седум од тие 12 поени. Истиот играч ги водеше Селтикс и во последната делница со уште девет поени, па мечот го заврши со 28 погодоци и 15 скокови.
Сепак, најефикасен во тимот на Селтикс беше Кемба Вокер со 32 поени, додека на Сиксерс не им помогнаа ниту 30-те коша и 10-те скокови на Џоел Ембиид, кого го следеше Тобајс Херис со 20 поени.
На Бостонс Селтикс во вториот круг од плеј-офот противник ќе им биде победникот во серијата меѓу актуелните шампиони Торонто Рапторс и Бруклин Нетс, во кој Рапторс водат со 3-0 во победите.