Бостон ја збриша Индијана во првиот круг од доигрувањето

Кошаркарите на Бостон Селтикс е првиот тим кој влезе во вториот круг од доигрувањето на НБА лигата, откако и во четвртиот дуел од првиот круг ја совладаа Индијана Пејсерс 110:106.

Бостон ја оствари својата прва ткн „метла“ (победа со 4:0) во доигрувањето од 2011 година, кога со 4:0 ги збришаа Њујорк Никс. Во вториот круг Бостон ќе се соочи со подобриот од дуелите меѓу Милвоки Бакс и Детроит Пистонс, во кој Бакс имаат предност до 3-0, а Пистонс во четвртиот меч пред своите гледачи ќе се обиде да ја избегне судбината којашто ја доживеаја Пејсерс.

И вечерашниот двобој се одвиваше по многу слично сценарио окаки и претходните два дуела во оваа серија која Селтикс имаше повеќе расположени играчи во израмнетата завршница. Во последните пет и пол минути Бостон влезе со поен предност (84:83), за на три ипол минути пред крајот Селтикс да имаат плус 10 (95:85), откако Гордон Хејвард постигна шест коша, Маркус Морис погоди „тројка“ и Џејсон Тејтам „заби“. До крајкот на дуелот Бостон мирно ја задржа стекнатата предност.

Селтикс имаа седум кошаркари со двоцифрен ефект, а тројца играчи од клупата со 49 кошеви. Хејвард со 20 поени беше најдобар стрелец кај Бостон, Маркус Морис додаде 18, а Тери Розиер 11 поени. Џејсон Тејтум постигна 18 коша, а Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд по 14 коша, со што стартниот центар додаде и 12 скокови со 5 асистенции. Џејлен Браун постигна 13 поени.

Кај Пејсерс Бојан Богдановиќ постигна 22 коша со 8 скокови и 3 асистенции. Двоцифрен беше и Тирек Ивенс со 21 кош, Дарен Колисон додад 19 поени, Домантас Сабонис 14, а Мајлес Тарнер 13 поени.