Во пресметката на двата тима кои ги освоија последните две шампионски титули во НБА лигата, актуелниот првак Бостон Селтикс го совлада Денвер Нагетс со 107:103 во претсезонскиот натпревар одигран во петокот во Абу Даби.
Трикратниот МВП на НБА, српскиот центар Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 14 поени, осум скока и две асистенции, додека Мајкл Портер и Расел Вестбрук, кои исто така имаа по осум асистенции, постигнаа по 12 поени.
Актуелниот шампион од Бостон го предводеше Пејтон Причард со 21 поен и шест асистенции, додека Џејсон Тејтум постигна 12 поени со шест скока и пет асистенции.
Бостон и Денвер во недела од 16:00 часот по средноевропско време ќе одиграа