
„Бостон Селтикс“ на домашен терен ја победија „Филаделфија“ со 117:101 во првиот натпревар од вториот круг од доигрувањето во Источната конференција.
Триото на „Селтикси“, Тери Розиер, Џејсон Татум и Ал Хорфорд заедно забија 83 коша за убедлива победа. Розие уфрли 29 кошеви со осум скока и шест асистенции, Татум додаде 28 коша, а Хорфорд 26.
Најдобар кај гостите беше Џоел Ембид со 31 поен, 13 скока и пет асистенции. Џ. Џ. Редик додаде 20, а Бен Симонс 18 кошеви со седум скока и шест асистенции.
Вториот дуел се игра во четврток, повторно во Бостон.
„Селтикс“ победија на три од вкупно четири натпревари во редовниот дел од сезоната, но сите четири натпревари се одиграа пред Ал стар паузата и повредата на коленото на ѕвездата на „Бостон“, Кајри Ирвинг.
Домачините ја добија првата четвртина со 25:22, а на полувреме водеа со 56:45. На крајот на третиот период „Селтикс“ имаа и 17 кошеви разлика, но „Филаделфија“ намали на 87:75 на почетокот на последната четвртина, а до крајот успеаја да се приближат најмалку на осум кошеви.