Бостон се врати на победничката патека

Изминатата вечер во НБА лигата Филаделфија 76ерс беа поразени од Милвоки Бакс, додека Бостон Селтикс извојуваа тесна победа од 111:110 на гостувањето кај Данвер Нагетс.

Водечката екипа во Источната конференција, Бостонс Селтикс со 111:110 беше подобар во Данвер од тимот Нагетс, благодарејќи на „тројката“ на Џејлен Браун на 34 секунди до крајот. Бостон до втората победа во последните седум натрпевари ги водеше Кајри Ирвинг со 27 поени, додека Џејсон Тејтам додаде 20. Најдобар кај Нагетс беше Никола Јокиќ со 24 кошови.

Од Филаделфија 76ерс беа подобри домашните Милвоки Бакс со 107:95, а еден од најдобрите беше Дарио Шариќ со 19 погодоци, 9 скокови и две асистенции. Бен Сајмонс со 16 скокови, со шест скокови и пет асистенции, а Џоел Ембиид не играше. Јанис Антетокунмпо беше најдобар стрелец со 31 кош, 18 скокови и шест асистенции.

За Милвоки ова беше четврта победа во низа по промената на тренерот и сега со соодносот од победи и порази 27-22 се наоѓаат на петтото место во Источната конференција, додека Филаделфија со 24-23 е на осмото место.

Индијана Пејсерс со 105:96 беа подобри од гостинските Шарлот Хорнетс. Пејсерс водеа со два разлика седум минути пред крајот, а тогаш по промашувањето на Кори Џозеф, Ленс Стефенсон ја дофати типкта и ја започна серијата од 15:2 со која беше заклучен дуелот во полза на Индијана. Пејсерс го предводеше Виктор Одалипо со 25 погодоци, а Шарлот Двајт Хауард со 22 поени и 11 скокови.

Индијана со 28 победи и 23 порази сега е седма во Источната конференција, а Шарлот се 11-ти.

Феникс Санс се поразени од Мемфис Гризлис со 109:120. Санс ги предводеше Ти Џеј Ворен со 24 кошови и седум скокови, а рукито Џош Џексон додаде 20 поени и осум скокови. Тајрен Ивенс за Мемфис постигна 27 поени.

Феникс со 17 победи и 34 порази е 13-та екипа во Западната конференција, веднаш зад Мемфис.