Фудбалерите на Ботафого се вторите финалисти на Купот Либертадорес откако во реваншот од полуфиналето загубија со 1:3 од уругвајскиот Пењарол, но на крајот победија со вкупни 6:3.
Ботафого ќе игра против Атлетико Минеиро во финалето на 30 ноември на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес. Атлетико Минеиро ја победи аргентинската Ривер Плата во второто полуфинале во средата.
Тиаго Алмада го постигна единствениот гол за Ботафого во реваншот на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео во 88. минута. Предтходно Пењарол поведе со головите на Хамес Баез во 31. и 66. минута. Факундо Батиста потоа во 89. минута ги постави конечните 3:1, што беше недоволно за уругвајскиот клуб по тешкиот пораз во првиот натпревар.
Тоа ќе биде прво финале за Ботафого во Копа Либертадорес, додека Минеиро ќе се обиде да ја освои втората титула по 2013 година.
Ова е шести пат во историјата два бразилски клуба да се сретнат во финалето на Копа, а четврти во последните пет години, по 2020, 2021 и 2022 година. Исто така, бразилски клуб речиси сигурно ќе ја освои континенталната титула за шеста последователна година, а воедно ќе биде седми пат во последните осум години. Гремио беше шампион во 2017 година, Фламенго ги освои титулите во 2019 и 2022 година, Палмеирас во 2020 и 2021 година, а Флуминенсе во 2023 година.