Возачот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас беше најбрз на вториот тренинг одржане во петокот на патеката „Лосаил“ во близината на Доха, пред неделната трка од Светското првенство во класата Формула 1 за Големата награда на Катар.
Ботас беше за 209 илјадитинки од секундата имаше подобро време од Французинот Пјер Гасли од тимот на АлфаТаури, кој беше втор и на првиот тренинг, додека третото и четвртото место ги освоија водечкиот во генералниот пласмна Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул и вториот седумкратниот светски првак Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.
Верстапен, најбрзиот на првиот слободен тренинг, беше за 350 илјадитинки од секундата побавни од најбрзиот круг на Валтерни Ботас, а неговото време беше само за 72 илјадитинки побрзо од она на Хамилтон.
Неделната трка ќе се одржи ноќта под рефлектори.
Претходно во петокот водството на Формула 1 го одби барањето на Мерцедес да ја преиспита својата одлука од Големата награда на Безил минатата седмица да не биде казнет Верстапен поради инцидентот на трката со Хамилтон. Во организацијата пресудаеа дека, иако се појавиле нови и релевантни видео докази, тие не се значајни и Холанѓанецот останува без казна.