Финецот Валтери Ботас од тимот на Мерцедес имаше најбрзо време на квалификациите за трката за Големата награда на Сакира во Бахреин претпоследната во годинешното Светско првенство во класата Формула 1, додека втор беше младиот Британиец Џорџ Расел, кој влезе во тимот на Мерцедес на местото на светскиот првак и негов сонародник Луис Хамилтон кој беше позитивен на тестот на коронавирусот.
Ботас за својата 16-та „пол позиција“ во кариерата за само 0.026 секунди беше побрз од 22-годишниот Расел на изменетата и два километра пократка траса на патеката. Расел во 36 трики за тимот на Виолијамс никогш нема земено ниту бод, а само двапати бил на 11-то место, но се чини дека го користи предизвикот во многу помоќниот болид на Мерцедес.
Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул дојде до третото место, а пилотот од Монако кој вози за тимот на Ферари, Шарл Леклер го имаше четвртото време во квалификациите.
Хамилтон уште пред две трки практично ја обезбедни титулата, а сега е во изолација поради коронавирусот.
На трката во недела ќе настапат и двајца дебитанти, Бразилецот Пјетро Фитипалди во екипата на Хаас ќе го замени пред една седмица настраданиот Французин Ромен Грожан, а Бритаецот Џек Ејткен ќе го заземе местото на Расел во Вилијамс.
Трката за Големата награда на сакора се вози во недела со почетокот во 18,30 часот.
РЕДОСЛЕД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
1. Валтери Ботас (Финска/ Мерцедес) 53,377
2. Џорџ Расел (Велика Бтиранија/ Мерцедес) 53 403
3. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул-Хонда) 53.433
4. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 53.613
5. Серхио Перез (Мексико/ Рејсинг Поинт-Мерцедес) 53.790
6. Данил Квјат (Русија/ АлфаТаури-Хонда) 53.906
7. Даниел Рикиардо (Австралија/ Рено) 53.957
8. Карлос Саинц јуниор (Шпанија/ Мекларен-Рено) 54.010
9. Пјер Гасли (Франција/ Алфа-Таури-Хонда) 54.154
10. Ленс Строл (Кајада/ Рејсинг Поинт-Мерцедес) 54.200