Божиновска се надева дека нема да има злоупотреби со инвертер климите, вели ќе има и санкции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по прашање од ТВ21 за тоа дали се можни злоупотреби со инвертер климите, истакна оти се надева дека инвертерите за кои министерството дава до 30.000 денари субвенција, ќе бидат инсталирани во домовите на граѓаните кои ја добиле поддршката.

„Јас се надевам дека ќе бидат искористени за тоа што сакаме да помогнеме како влада за инсталирање на инвертери. Доколку некој смета дека тоа не е доволно и прави нешто што е спротивно на законот, тоа ќе биде санкционирано. Се надеваме дека ќе нема такви злоупотреби“, рече Божиновска.