Владимир Божиновски, аналитичар во своето гостувања во радио Лидер зборуваше за последните анкети на ИПИС кои јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во големо водство и за изјавата на Стево Пендаровски кој рече дека тие анкети се лажни и дека СДС е во водство. Оттука Божиновски упати контра прашање до Пендаровски да каже кои се тие анкети и каде можат да се види тоа водство на СДС?
Јас не знам за кои анкети на ВМРО-ДПМНЕ говори Пендаровски, но единствени анкети кои изминатиот период кои што се објавуваат во јавноста се анкетите на МРТ и ИПИС, анкетите кои што се презентираат на Објектив секој вторник од 8.15 часот. И со оглед на тоа јас во неколку наврати го споменав, а ќе го споменувам и понатаму, јас имам едно контра прашање до Пендаровски, доколку он смета дека СДС е во водство, бидејќи он така кажа СДСМ е во водство, тој ќе победел според некои анкети, јас би го замолил да каже кои се тие анкети и каде може да ги видиме тие резултати, рече Божиновски.
Понатака тој дополни:
„Затоа што ако тврдите нешто тогаш тоа треба да го поткрепите и со одредени податоци“.
Божиновски во текот на своето гостување побара Пендаровски да го посочи изворот од каде произлегува дека се СДС ќе победи и ќе освојат 50 пратеници, во спротивно се смета дека тоа се анкети/прогнози кои произлегуваат од политичкиот говор на кандидатот за претседател.
-Да не излезе сега, мислам јас нема да се спуштам на нивото на Пендаровски да кажувам дека он лаже, како што он говори за анкетите, но еве ќе го запрашам доколку навистина постојат истражувања кои што прогнозираат победа на СДС, он говореше 50 пратеници ќе имале СДСМ и така натаму, тогаш треба да го посочи изворот, тогаш можеме за говориме за некои анкети, прогнози кои што произлегуваат само од политичкиот говор на кандидатот за претседател, порача Божиновски.