Божиновски: Инвеститори не доаѓаат на лажен попис, не застануваме додека не се промени методологијата

Власта вели дека пописот бил важен за стопанството и отворање на работни места, но тоа нема да го направат ниту имаат намера, бидејќи планираат со лажен попис да направат план. Се инвестира само на реален попис, вели архитектот Вангел Божиновски, кој е дел од иницијативата „Не отворам врата“ за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Посочи дека е добро што се одложи пописот, и што ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на Иницијативата, бидејќи беше незамисливо да се прави сега попис во ваква ситуација, но додаде дека како Иницијатива нема да застанат тука се додека не се направи методологија за реален попис.

Истакна дека не постои разумен човек кој не сфаќа дека вака како што тераше владата, пописот нема да биде реален. Според него за да се направи реален попис мора истиот да го направат експерти кои ги знаат европските норми и луѓе кои спровеле веќе неколку пописи.

„Ние бараме да се направи добар попис, кој ќе го направат експерти. Основната работа за да успее нешто мора да постои доверба помеѓу граѓаните и институциите, но тука тоа што се кажува обратно се прави. Степенот на недоверба кон оваа власт е нешто што не е запаметено досега, на ништо не им се верува, дури ни на тоа што денес ќе се каже“, изјави Божиновски.