4.8 C
Skopje
сабота, ноември 16, 2024

Божиновски: Куманово ова не го заслужува, откако Спасовски му поднесе кривична пријава на Димитриевски, тој никаде го нема!

Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува каде го снема кумановскиот градоначалник месец дена?

-❓ Едно прашање е актуелно низ кумановската чаршија периодов: каде се изгуби градоначалникот #МаксимДимитриевски?
Откако #ОливерСпасовски му поднесе кривична пријава на својот сопартиец, во егоцентрична и нарцисоидна борба за доминација врз Куманово, демек “на татка им имање е” – што би рекле моите сограѓани, Максим едноставно како да “пропадна во земја”!
Толку ли “гореше” во тебе #војводството и #комитлукот, Максиме❓Толку ли траеше твоето “удирање во гради” дека нема да попуштиш во исправната борба за своите граѓани, против неспособната и корумпирана централна власт? ‍♂️
Чуму толку солзи изрони , Максиме, кога на “прва кривина ги истумба” граѓаните за кои превзеде одговорност❓
Толку ли беше твојата точка на топење, една кривична пријава и молк⁉️ Слабо Максо, премногу слабо.
Во денови кога ги газат кумановчани, со карантин кој не го заслужија, после своето примерно однесување за време на полицискиот час, ти немаш храброст да излезеш јавно и да застанеш во нивна одбрана.
Те “скршија” Максиме, сите тоа го гледаат и зборуваат, верувај ми.
Куманово ова не го заслужува!
Ова е изживување и газење врз трпението и смиреноста на кумановчани!
Заради демонстрираната неспособност, твоја и на твојата партија, заради вашата забеганост со терање кампања во време на светска пандемија, заради немањето храброст да го ставите само Липково, а не Куманово во карантин, ќе останеме затворени уште нови три дена, ќе ги задржиме децата во четири ѕида, ќе ги оставиме незапалени свеќите за најблиските на гробиштата.
Прочитан си, Максиме!
Ти од една страна, а #Спасовски и #Заев од друга, вие сте ист калибар, вие сте лице и опачина!
Ќе го истрпиме и ова понижување!
А после доаѓа нашиот ред, нашиот крик, нашата реакција! ✊
П.С. нема да ме зачуди пак да си ја “грабнеш” во раце својата Југословенска “тробојка” за сликање , демантирајки дека некогаш си ставал слики и си пишувал текстови за македонската ѕвезда од Кутлеш.
Да де, од денеска, откако ти ја “скинаа” кривичната пријава! , стои во неговиот пост на Фејсбук.