Божиновски: Проблемите произлегуваат и затоа што власта нема стабилно мнозинство

Во период на ваква криза потребно е стабилно мнозинство кое го нема кај нас и власта има сериозни проблеми, говорејќи на темата за предвремени парламентарни избори, во текот на гостувањето на телевизија 24, изјави аналитичарот Владимир Божиновски, посочувајќи дека кога на изборите се победува со еден пратеник повеќе, се појавуваат проблеми.

„Дополнително тука е и пандемијата на коронавирусот. Целта беше да се направи концентрациона влада за да се истурка кризата, еве тоа се надзира и во Албанија и Бугарија. Од старт власта има многу проблеми. Имаше можност за заедничка влада, ама сега е доцна“, рече Божиновски.

Дали ова е обид за дефокус или ќе има реални процеси како оној за Драги Рашковски, висок владин функционер, ќе треба да мине време за да видиме дали и каква завршница ќе има, од тоа ќе се знае дали имало старт на борба со корупцијата и криминалот, рече

Божиновски ја коментираше постапката на Зоран Заев за разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски, бидејќи тој не смеел да полемизира со него како премиер.

„Функционер, кога се назначува, не значи дека треба да биде послушник, тој треба да си ја врши работата. Не може Заев така да кажа. Сега и да не го сменат штетата е направена. Кога се именува некој се гледа неговата работа и треба да го оставите да ја врши работата, а не да му наметнувате решенија и што да прави“, рече Божиновски.

Осврнувајќи се на темата, рамковни вработувања, поради која Заев рече не може Пауновски да му се спротивставува, Божиновски укажа дека во иднина не смеат да се дозволат вакви вработувања, туку само по основ на професионализам и потреба во администрацијата.