„Вие да велите дека некој бил администратор што дошол кај нас тоа значи дека илјадниците животи згаснати во таа борба со тие администратори всушност биле самоубиства или убиени од самите Македонци? Второ, значи партизаните и останатите борци кои што се бореле против тие администратори значи што биле терористи?
Бидејќи ако се бориш против администрации, држава која што администрира ти си терорист. И трето дали Македонците биле тие кои што испратија во Треблинка 7.140 ако не се лажам Евреи, мажи, жени и деца во 1943 година? За какви администратори зборува Заев“, запраша Владимир Божиновски во „Само вистина“.
Божиновски додаде дека исто така по срамната изјава сега Заев и Шекеринска се вадат со теза дека веќе никаде не се зборува за случувањата во 1943 година и фашистите. Дека фашистите немале етнички презнак. Срамота. Значи имаме германски нацисти имаме италијански фашисти, тука се бугарски фашисти. Односно сите оние кои што се дел од таа оска и кои што напаѓале на различни страни во Европа си имаат име.
„Кога ќе дојде Бојко Борисов да се извини за злосторствата и ѕверствата кои што бугарските фашисти ги извршиле врз македонското население тогаш можеме да говориме за некакво простување“, истакна Божиновски.
Божиновски посочи дека Заев толку ја свитка кичмата, што македонскиот народ е засрамен.