Браќа нападнале полицаец на гласачко место во Велешта

Во 14:05 часот во Пoлицската станица Струга од страна на полициски службеник пријавено е кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

По кажување на пријавителот делото е извршено  во 10:50 часот во с.Велешта, при вршење службени дејствија обезбедување во Основно училиште „Зини Хани“ му пристапил 31-годишниот В. Ќ. од селото Велешта, најпрво започнал на висок тон да се заканува, а потоа заедно со неговиот брат А.Ќ. продолжиле со закани, притоа В.Ќ ги извадил очилата за сонце со кои фрлил кон полицискиот службеник во пределот на главата над десното око.

Од стрaна на присутни полициски службеници во дворот на училиштето, лицата биле спречени во понатамошните намери  и отстранети од дворот на училиштето.

Од страна на НККР Струга В.Ќ. ќе биде повикан за обавување  разговор, а по утврдување на околностите ќе биде поднесена соодветна пријава.