Членовите на британскиот бенд Oasis, Ноел и Лиам Галагер, наводно ќе бидат „разделени“ во текот на нивната долгоочекувана турнеја во 2025 година, кога нема да бидат на сцената, што значи дека ќе имаат засебни гардероби и ќе патуваат одделно, што не е невообичаено со оглед на нивните долгогодишни несогласувања и конфликти во меѓусебните односи.
Лошиот однос меѓу раскараните браќа го достигна својот врв во 2009 година, откако сега 57-годишниот Ноел го напушти култниот бритпоп бенд по конфликтот зад сцената на концертот во Париз, а тој и 52-годишниот брат Лиам оттогаш се скарани, пишува The Daily Mail.
Но, иако успеаја да ги остават своите разлики настрана за да се вратат на сцената, браќата ќе имаат одвоени гардероби и превоз за турнејата во 2025 година за да избегнат потенцијален конфликт и „ПР и финансиски кошмар“, појаснуваат нивните агенти.
„Ќе соработуваат поради промотивниот дел од турнејата и поради настапите, а освен тоа поголемиот дел од времето ќе бидат разделени. Секако дека ќе одржуваат заеднички проби, но атмосферата секако ќе биде наелектризирана“, изјавил извор близок на бендот за весникот The Mirror.
Лиам претходно изјави дека сега веќе поранешната сопруга на Ноел, Сара Мекдоналд, била последниот момент за несоласувањата меѓу него и неговиот постар брат и дека токму таа е виновна што бендот „повеќе го нема“.
Но, откако минатата година беше финализиран разводот на Ноел од неговата поранешна сопруга што го чинеше 20 милиони фунти, постариот Галагер наводно е уверен во финансискиот успех на повторното обединување на бендот.
Ноел и Сара ѝ открија на јавноста дека се разделиле во јануари 2023 година, по речиси 12 години брак.
Билетите за 14-те датуми на враќање во Велика Британија и Ирска на Oasis беа пуштени во продажба на 31. август. Датумите на турнејата се следните: 4-ти и 5-ти јули во Кардиф, 11-ти, 12-ти, 19-ти, 20-ти јули во Манчестер, 25-ти и 26-ти јули / 2-ри и 3-ти август – во Лондон, 8-ми и 9-ти август во Единбург и на 16-ти и 17-ти август во Даблин.