Браќата Шарл (27) и Артур (24) Леклер ќе ја испишат историја на Формула 1 во петок кога ќе учествуваат во болидите на Ферари на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Абу Даби закажана за 8 декември на патеката Јас Марина.
Тоа ќе биде првпат во историјата на Формула 1 браќа како тимски колеги официјално да учествуваат во Ф1 викенд.
Шарл Леклер е еден од најдобрите возачи на денешницата, додека неговиот помлад брат е развојен возач на тимот од Скудерија. Артур Леклер ќе го замени Карлос Саинц на првиот слободен тренинг в петок, завршувајќи ја втората задолжителна сесија за дебитантите на Ферари оваа сезона, според правилата на ФИА.
Прописите на ФИА налагаат дека секој Ф1 возач мора да го отстапи местото на дебитант со помалку од два старта во Гран-при трките. Британецот Оливер Берман, резервата на тимот, не ги исполнува условите бидејќи веќе се тркаше оваа сезона со Ферари и Хас. Бирман го возеше болидот на Шарл Леклер на тренинзите во Мексико, а потоа го замени болниот Кевин Магнусен во тимот на Хаас за Големата награда на Бразил.
Како резултат на тоа, Артур Леклер ќе добие можност, што сигурно ќе биде посебен момент за семејството.
Во средата, Ферари објави слика на X на која се браќата заедно во исти комбинезони со натпис „креатори на историјата“.
По возењето во Формула 2 минатата година, завршувајќи ја сезоната на 15-то место, Артур оваа година ја мина како развојен возач на Ферари.
Шарл и Артур ќе бидат првите браќа кои ќе возат за ист тим во исто време, но имало и претходни случаи на браќа кои возеле во Ф1. Сигурно најпознати Германци се Михаел и Ралф Шумахер, но не во ист тим.
Мексиканците Педро и Рикардо Родригез се тркаа за Ферари, но, исто така, не во ист период.