Еден брачен пар не може да излезе од Газа, и владата прави напори да ги извлече од ризично подрачје, информираше Министерството за надворешни работи.
Како што објаснуваат од МНР, овие луѓе се обидувале да излезат од Газа, каде во моментов има силно гранатирање од безбедносните израелски сили. Тие сакале да го искористат граничниот премин со Египет, но кога успеале да стигнат границата се затворила поради безбедносната состојба. Сепак во моментов брачниот пар е во добра состојба зашто МНР преку дипломатски заложби успеало да овозможи отворање на граничниот премин и тие сега се наоѓаат во област во која нема струја и е под ризаик, и се заедно со затекнати луѓе од други држави кои чекаат да бидат евакуирани.
Инаку досега од 150 Македонци кои беа во Израел, за 60 е обезбедено безбедно враќање од македонските власти, додека преостанатите 90 треба да се вратат утре во текот на денот информираше министерот Бујар Османи.
Утринава уште 9 наши државјани го напуштиле Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград .
По четириа дена од избувнувањето на војната во Израел вкупната бројка на македонски државјани кои успеаја да го напуштат Израел изнесува 40 луѓе.