Брачните партнери од „Игра на троновите“ го добија второто дете

Ѕвездите од „Игра на троновите“ Кит Харингтон и Роуз Лесли го добија своето второ дете

Ѕвездите на гледаната телевизиска серија „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли го добија своето второ дете.

Публицистот на Харингтон ја потврди веста за новинската агенција PA во понеделникот.

Англискиот актер Харингтон (36) и шкотската актерка Лесли (35) се запознаа додека глумеа заедно во фантастичната серија на HBO, која заврши во 2019 година по осум сезони.

Харингтон го играше Џон Сноу во „Игра на тронови“, а Лесли ја играше дивата Игрит, која позната по нејзината реплика „Не знаеш ништо, Џон Сноу“.

Двојката се венчаше во 2018 година во домот на предците на Лесли во Абердиншир, пред да го објават раѓањето на нивниот син во февруари 2021 година.

Актерот претходно призна дека е „преплашен“ повторно да стане татко, бидејќи со првата бременост „шетал по облаци девет месеци“.

Говорејќи на „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ во САД во февруари, Харингтон за својот двегодишен син рече: „Тој ќе го добие шокот од неговиот живот, а тоа е дека ќе има брат или сестра“.

„Со вашето прво дете шетате по облаци и танцувате низ полињата со маргаритки девет месеци, но овојпат проверката на реалноста доаѓа многу порано, станувате практични навистина брзо. И не сум сигурен дека тој сè уште го има целосно разбрано“, додаде актерот.