Со Браида кошаркарите ќе влегуваат во топ форма

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие квалитетно засилување, откако беше обелоденета соработката со Џакомо Браида.
Џакомо Браида ќе ги доведе кошаркарите во топ форма

Стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие квалитетно засилување, откако денес беше обелоденета соработката со италијанскиот кондиционен тренер Џакомо Браида. Заедно со Емил Рајковиќ и Александар Јончевски, ќе му бидат на располагање на селекторот Александар Џикиќ за време на подготовките за ЕП 2015.

Токму со Браида кошаркарите ќе влегуваат во топ форма, а по завршувањето на пеколните подготовки ќе треба на време да ги рехабилитира од евентуални повреди пред стартот на ЕП.

Инаку Италијанецот, доаѓа по препорака на неговиот сонародник Сандро Беркардино, тренерот кој имаше клучна улога во кондиционата подготовка на кошаркарите при освојувањето на четвртото место на минатото ЕП.

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие квалитетно засилување, откако беше обелоденета соработката со Џакомо Браида.
Со Браида кошаркарите во топ форма

„Македонската кошаркарска федерација за потребите на едукација на својот тренерски кадар, со специфичен акцент на физичката подготовка го ангажира Италијанецот Џакомо Браида, кој доаѓа по консултациите со Сандро Беркардино, докажаниот пријател на македонската кошарка, во тој дел на работата“ – се вели во соопштението на МКФ.