Браим Дијас реши да игра за Мароко

Браим Анделкадер Дијас, 24-годишниот играч на Реал Мадрид кој прави голем подем, одлучил да игра за мароканската репрезентација а не за Шпанија, објавија во понеделник бројни шпански медиуми.

„Неговата одлука е цврста, внимателно обмислена и неповратна“, велат шпанските медиуми за одлуката на офанзивниот играч за врска на Реал.

Оваа сезона Браим Дијас постигна четири гола за Реал во Примера, два во Лигата на шампионите, покрај победоносниот за 1:0 против РБ Лајпциг во првиот осминафинален натпревар, а додаде и по еден гол во Кралскиот куп и шпанскиот Суперкуп.

Браим Дијас веќе има настапувано за шпанските репрезентации У17, У19 и У21 а одигра и еден натпревар во сениорскиот тим, на пријателскиот натпревар против Литванија во јуни 2021 година. Неговата мајка е Шпанка, но неговиот татко е со мароканско потекло.

Од 2016 до 2019 година, Браим Дијас како млад играч настапуваше за анчестер Сити, каде што не играше добро, добивајќи шанса само на пет натпревари во Премиер лигата. Од 2019 година е член на Реал Мадрид, со тоа што до минатата сезона беше на позајмица во Милан.

На последното Светско првенство Мароко беше најпријатното изненадување и го одигра натпреварот за третото место во кој беше поразен од Хрватска.