Кошаркарската федерација на САД го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојното Светско првенство во Шпанија во септември, како и за Олимписки игри кои во 2016 ќе се одржат во Рио Де Женеиро. На листата од 28 кандидати ги нема двете најголеми ѕвезди во НБА лигата Коби Брајант и Леброн Џејмс.
Брајант (35) најави повлекување од репрезентацијата поради големиот број повреди во последниов период, додека Џејмс побарал да биде ослободен од обврските поради потребата од подолг одмор.
Светски и олимписки шампион ќе биде предводен од селекторот Мајк Крижевски, кој на располагање треба да ги има следниве кошаркари: Кармело Ентони (Њујорк), Кевин Дурант (Оклахома), Крис Пол (Лос Анџелес Клиперс), Кевин Лав (Минесота), Џејмс Харден (Хјустон ), Расел Вестбрук (Оклахома), Дерон Вилијамс (Бруклин), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Тајсон Чендлер (Њујорк), Андре Игудала (Голден Стејт).
Играчите кои ќе бидат во конкуренција за настап во репрезентацијата се: Двајт Хауард (Хјустон), Блејк Грифин (Лос Анџелес Клиперс), Стивен Кари (Голден Стејт), Дерик Роуз (Чикаго), Ламаркус Олдрич (Портланд), Бил Бредли (Вашингтон), ДеМаркус Казнс (Сакраменто), Андре Драмонд (Детроит), Кенет Фарид (Денвер), Пол Џорџ (Индијана), Гордон Хејворд (Јута), Кајри Ирвинг (Кливленд), Кајл Корвер (Атланта) , Дејвид Ли (Голден Стејт), како и Ленард (Сан Антонио), Дамјан Лилард (Портланд) и Клеј Топсон (Голден Стејт).